Мајк Тајсон ја затекна сопругата со Бред Пит: „Ме молеше да не го тепам“

Мајк Тајсон тврди дека ја затекнал поранешната сопруга во кревет со Бред Пит.

Мајк Тајсон беше во брак со Робин Гивенс од 1988 до 1989 година, а во периодот на развод наводно ја нашол со Бред Пит, наведува тој во своите мемоари.

На денот кога ги потпишал документите за развод, се предомислил и отишол кај неа да разговараат, прво ги видел во автомобилот, а потоа во нејзината спална соба.

„Друже, не ме удирај, не ме удирај“, наводно рекол Бред.

Според Тајсон, Пит тогаш изгледал како да ги живее последните моменти.

„Тогаш требаше да го видите изгледот на неговото лице, изгледаше како да е последниот ден од неговиот живот“, изјави Тајсон.

Во шоуто In Depth, тој откри дека е многу лут на Пит, и дека за време на разводот постојано одел кај Робин, но тој ден актерот пристигнал порано.

Робин демантираше сè освен дека заедно биле во автомобилот, додека Бред Пит никогаш не ги коментирал овие тврдења.