Американската пејачка Мајли Сајрус неодамна отворено проговори за својот став за родителството, а нејзината изјава предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, особено кај оние кои не го делат истото мислење.
Имено, во интервју за подкастот „The Interview“ објавено од „Њујорк тајмс“, Мајли искрено ги сподели своите мисли за својот приватен живот, притисоците на општеството и нејзината одлука да не се гледа себеси како мајка, барем засега.
Мајли нагласи дека во моментов нема желба да има деца и не го гледа тоа како нешто што ѝ доаѓа природно. Во интервјуто, таа се осврна на разговорот што го водела со нејзиниот очув, каде што разговарале за деловните можности и животните избори. Кога ја прашал зошто нема своја линија на козметика, пејачката едноставно одговорила: „Затоа што тоа не ме интересира“. Таа додаде дека се чувствува исто кога станува збор за мајчинството.
„Не ми треба да станам мајка. Тоа е огромна одговорност, бара неверојатна посветеност и жртва. Ако тоа не е ваша страст, тешко е да се замисли како можете да издржите сè што подразбира родителството – бессони ноќи, постојана грижа и години жртва“, искрено рече Сајрус.
Нејзиното мислење беше поддржано од многу корисници на социјалните мрежи, особено на Reddit, каде што многумина ја пофалија нејзината искреност и рационален пристап.
„Неверојатно е колку многу луѓе стануваат родител без никаква вистинска желба или јасна одлука“, напиша еден корисник. Други додадоа дека нема срам во тоа да не се сакаат деца и дека секој има право да го избере својот пат без наметнати општествени очекувања.