Мајсторија за која зборува цела планета! Фернандеш му даде гол на Ливерпул од 40 метри! (ВИДЕО)

Големото дерби во Премиер лигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул заврши нерешено 2:2.

На овој резултат најмногу му се радува на Арсенал, откако сега на врвот се изедначени Арсенал и Ливерпул со по 71 бод, а Манчестер Сити има 70 бодови.

Дербито на „Олд Трафорд“ донесе гол за кој зборува цела планета.

Бруно Фернандеш од 40 метри го чекираше голманот на Ливерпул, Келехер. Тоа беше првиот удар во рамката од голот на гостите, а дотогаш Ливерпул имаше дури 17 удари кон голот на Андре Онана.

Квансах погреши на почетокот на вториот дел и испрати лоша топка на средината на теренот, тоа го искористи Фернандеш и од прва шутираше кон голот на неподготвениот Келехер.