Мбапе ги демантираше гласините за преселба од ПСЖ во Реал Мадрид

„Ле Паризиен“ објави дека Мбапе сака да му се приклучи на Реал Мадрид ова лето по заминувањето на Бензема.

 Суперѕвездата на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ), Килијан Мбапе во вторникот ги демантираше гласините за негова преселба во Реал Мадрид ова лето.

„Лаги… Во исто време, колку е поголема лагата, толку повеќе веруваат. Веќе кажав дека следната сезона ќе продолжам во ПСЖ, каде што сум многу среќен“, објави Мбапе на Твитер.

Францускиот напаѓач Мбапе (24) му се приклучи на ПСЖ од Монако во 2018 година по една сезона позајмица во парискиот клуб.

Во 2022 година, Мбапе го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година.

Претходно во вторникот францускиот весник „Ле Паризиен“ објави дека Мбапе сака да му се приклучи на Реал Мадрид ова лето, откако сонародникот Карим Бензема го напушти клубот.

Минатата недела, 35-годишниот напаѓач Бензема се прости од Реал Мадрид и му се приклучи на Ал-Итихад од Саудиска Арабија.

Мбапе постигна 212 гола на 260 натпревари и е најдобар стрелец на ПСЖ на сите времиња, надминувајќи го уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани, сега играч на Валенсија.