Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, официјално стана третиот најбрз фудбалер кој постигнал 60 гола во Лигата на шампионите.
Му беа потребни само 89 натпревари за да го постигне тој подвиг, надминувајќи ги Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Раул Гонзалес, кои одиграа многу повеќе натпревари за да стигнат до 60 гола во Лигата на шампионите.
Потсетуваме дека Кралскиот клуб вчера беше убедлив во Казахстан, победувајќи против Каират со резултат од 5:0, а Мбапе постигна хет-трик.
Треба да се напомене дека само Роберт Левандовски и Лео Меси се пред Мбапе по овој параметар.
Инаку, Французинот моментално е рангиран на шестото место меѓу најдобрите стрелци во Лигата на шампионите во историјата.
Тој постигна шест гола за Монако, 42 за ПСЖ и 12 гола во 16 натпревари одиграни за Реал Мадрид.