МВР: Забрана за вршење какви било операции со беспилотни летала на територијата на Град Скопје

Министерството за внатрешни работи извести до граѓаните и до сите корисници на дронови дека Агенцијата за цивилно воздухопловство изрече забрана за вршење секакви операции со беспилотни летала на територијата на град Скопје, поточно на плоштадот Македонија, улицата „Димитрие Чуповски“, булеварот „11 Октомври“ пред Собрание на РМ, ул. Владата на РМ.

„Неовластеното, некоординирано работење на овие беспилотни летала не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на терен. Работењето на беспилотни летала во забранети подрачја е основа за поведување санкционирана постапка согласно Законот за воздухопловство“, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните во овие денови на голема тага и болка, во рамките на правото загарантирано со Уставот да се соберат и да одржуваат протести, да ги одржуваат во мирна атмосфера, да ги почитуваат веќе донесените одлуки од државните институции и да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници, да го гарантираат мирот и безбедноста на сите граѓани во државата.