МВР: Нарушен меѓународниот транспорт на дрога, запленети над 150 килограми марихуана

Македонското Министерство за внатрешни работи соопштува дека во рамките на заедничките оперативни активности на полициските и царинските службеници, спречен е обид за транспорт на наркотична супстанција марихуана.

Како што соопшти МВР, при детален преглед на товарно возило – камион со скопски регистерски таблички, извршен на граничниот премин Богородица, пронајдено и одземено е значително количество наркотична супстанца марихуана, за што ќе се врши дополнителна крим-техничка анализа и вештачење.

„Според првичните информации, камионот влегол од Косово, кој преку Македонија требало да транзитира до Грција, а крајната дестинација била Турција. Оваа успешна акција е резултат на одличната меѓуинституционална соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Царинската управа и е потврда за заедничките напори во борбата против организираниот криминал и нелегалната трговија со дрога, за што во ноември 2024 година беше потпишан Меморандум за соработка.

„Истрагите продолжуваат со цел да се идентификуваат сите инволвирани лица и начинот на кој бил организиран транспортот. Јавноста навремено ќе биде информирана за сите понатамошни детали од случајот“, соопштија од Министерството за внатрешни работи