По инцидентот што се случи во петок, 11 јули, а врз основа на безбедносната проценка од страна на Агенцијата за национална безбедност, Министерството за внатрешни работи воведе 24-часовни мерки за заштита на градоначалничката на Градот Скопјe, Данела Арсовска.
МВР објасни дека и покрај нејзините јавни комуникации за закани на социјалните медиуми, институциите постапувале согласно законот за секој случај пријавен или оперативно откриен.
„Поконкретно: На 1 јуни, Арсовска се соочила со закана од возило во движење и е поднесена кривична пријава. На 2 јули, таа пријавила закана од лице кое тврдело дека е полицаец; против него е покрената дисциплинска постапка. На 5 јули беа објавени закани против советничката Ирена Витина – случајот е во постапка. На 11 јули, по инцидентот во Чаир, две лица беа уапсени за напад врз неа, но градоначалникот одби да го потпише полицискиот извештај“, информираше МВР, додавајќи дека како носител на јавна функција, Арсовска ќе биде постојано заштитена за да се гарантира нејзината безбедност и вршење на нејзините должности.