МВР: “Санкционирани 76 возачи на мотоцикли во Скопје, одземени пет мотоцикли“

Вкупно 76 возачи на мотоцикли се санкционирани во текот на засилената акциска контрола што денеска во периодот од 12:00 до 18:00 часот ја спроведе Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во содејство со Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување при Министерството за внатрешни работи

При тоа, како што информира МВР, 23 возачи се санкционирани за возење без кацига,14 за возење без возачка потврда,седум за нерегистрирани возила,… Привремено се одземени пет мотоцикли поради истек на важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.

Од МВР најавуваат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила, за како што велат, сите да придонесеме за побезбеден сообраќај.