УХМР: Граѓаните да се подготват за обилни снежни врнежи

Центарот за управување со кризи (ЦУК) по најавите од УХМР викендов за обилни врнежи од снег и студено време со значителен пад на температурите, апелира до граѓаните на внимателно управување со возилата поради можна непроодност на патиштата во најпогодените подрачја.висока .

„Граѓаните утре и во недела да патуваат внимателно, доколку има потреба, со доволно гориво во резервоарите и секако со соодветна зимска опрема за возила на највисоките места и планинските превои, бидејќи патиштата можат да бидат непроодни во горните делници одреден временски период“, нагласуваат од Центарот за управување со кризи,

Воедно, се потсетуваат луѓето кои живеат на повисоките места навреме да се снабдат со основните намирници (храна и лекови), а се препорачува внимателно движење на граѓаните пеш бидејќи е можна појава на поледица.

Според временската прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на наредниот ден ќе биде облачно и студено претежно со снег. Врнежите ќе бидат обилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка од над 30 сантиметри, додека во пониските предели од 3 до 10 сантиметри. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено во околината на Повардарија, а температурите значително ќе опаднат а ќе има и голомразица.

ЈП „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ вечерва соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои минуваат низ котлини и усеци можно е да има помали одрони, затоа се апелира на внимателно управување со возилата, почитување на утврдените сообраќајни знаци, како и прилагодување на брзината според условите на патот. Екипите за одржување на ЈП МАКЕДОНИЈА ПАТ се постојано на терен и ги одржуваат проодни сите патни правци, велат од јавното претпријатие.