Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 29.878

– Бројот на загинати Палестинци во смртоносната офанзива на Израел врз Појасот Газа се искачи на 29.878 од 7 октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство во Газа.

Министерството за здравство во Газа ги објави податоците додека израелскиот смртоносен напад врз Газа влегува во 144. ден.

Во соопштението на Министерството се наведува дека 70.215 Палестинци се повредени во тековните напади на израелската армија.

Се додава дека во изминатите 24 часа израелските сили извршиле 11 масакри на целата територија, во коишто загинале 96 луѓе, а повредени се 172 лица.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив“, соопшти Министерството.

Израел започна смртоносна офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас во октомври, во кој се верува дека се загинати речиси 1.200 Израелци.

Според Обединетите нации, поради израелската офанзива врз Газа, 85 отсто од населението на енклавата е внатрешно раселено, а 60 отсто од инфраструктурата е оштетена или уништена.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.