НАПАДНАТИ АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК – Беспилотни летала погодиле војници во Сирија и Ирак

Американската воена база Ал Танф во Сирија била нападната со беспилотни летала, објави денеска Fox News, повикувајќи се на извор во Пентагон.

Инцидентот се случил во средата наутро по локално време.

Нападот на базата претходно го објави ТВ каналот Al Majadin. Според извори на ТВ каналот, два проектила експлодирале во базата.

Изворот на Fox News во Министерството за одбрана на САД не кажал кој стои зад нападот, ниту колку беспилотни летала се вклучени, ниту дали има било каква штета.

Претходно, медиумската агенција Reuters објави дека американската Армија спречила два напади со беспилотни летала врз нејзините сили во Ирак.

Беспилотните летала биле пресретнати додека се обидувале да ја нападнат ирачката воздухопловна база Ал Асад, каде што се стационирани американски војници.