ТРИ МИНИЈАТУРНИ КРПЧИЊА, А НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈА Е ПОСКАПА! Стајлингот на Карлеуша чини НАД МИЛИОН – дојде полугола, сите брмчат за цената!

Јелена Карлеуша привлече големо внимание кога на настан во главниот град се појави во необична, но скапа креација.

Синоќа голем број познати фаци се собраа во хотел во главниот град на прославата, а на списокот на гости се најде и пејачката Јелена Карлеуша , која привлече огромно внимание со своето издание.

Јелена ја изненади јавноста кога на црвениот тепих се појави во хеланки и мрежа над градите, под која не носеше градник. Таа ја однесе Баленсијага на церемонијата, каде што другите припаднички на понежниот пол решија да дојдат во елегантни фустани, што ги изненади сите присутни.

Во преден план секако беа нејзините бујни гради, но најголемо внимание привлече аксесоарот кој го носеше. Кожна чанта на познатиот бренд „Balenciaga“ чини 5.000 долари, очилата на брендот „Rick Owens“ чинат 995 долари и хеланки исто така „Balenciaga“ чинат 4.500 долари.