Едно лице е повредено во престрелка меѓу две групи во месноста Бит пазар.
Како што соопшти МВР, околу 14,00 часот во Специјалната полициска служба Скопје било пријавено дека на улицата „Војдан Чернодрински“ во месноста Бит Пазар има истрели од огнено оружје.
„Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото на настанот и утврдиле дека дошло до размена на огнено оружје меѓу две групи од пет до шест лица, при што едно лице е повредено и пренесено во Ургентниот центар во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
На местото на настанот се пронајдени неколку чаури, а оштетени се и неколку продавници и паркирани возила.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.