Меган Маркл во туѓи прегратки на црвениот тепих: Војвотката од Сасекс се појави без Хари и ги поттикна гласините за дефинитивен крај на бракот (фото)

Во последните неколку месеци сè повеќе се шпекулира за разводот на војводата и војвотката од Сасекс. Сопружниците ретко се појавуваат заедно во јавноста, а сè уште не ги демантираат гласините за пропаѓање на љубовта. Службените обврски ги извршуваат одвоено поради што сите се убедени дека повеќе не се заедно, а нови шпекулации предизвика и појавувањето на Меган Маркл на црвениот тепих со актерот Тејлор Пери.

меган-маркл-принц-хари-профимедија0824762467.jpg

Нивните одделни патувања некако даваат сигурност на шпекулациите. Иако близок инсајдер рече дека Хари сака малку да се дистанцира, особено откако семејството јавно му го честиташе роденденот со „отсечена“ фотографија на Меган Маркл.

Од двајцата браќа, повеќето луѓе ја припишуваат љубезноста и емотивноста на Дијана на принцот Хари, бидејќи тој се откажа од дворскиот живот поради љубов додека Вилијам и принцезата Кејт активно учествуваат во кралските должности и животот. Како што велат „следи го своето срце, како Дијана“.

Сепак, се чини дека не им оди сè како од бајките на Хари и Меган. Принцот се почесто го гледале сам на патувањата во Европа , а сега Меган почна сама да посетува разни манифестации и настани. Така, таа ја посети и „Paley Center Fall Gala“ во Лос Анџелес, а никој не престанува да гледа во нејзиниот стајлинг и во чие друштво била на празничниот тепих.

Имено, Меган ги воодушеви сите присутни, но и фановите кои следат сè за неа, кога се појави во црн елегантен тоалет. Отворените раменици и шлицот над коленото не е нешто на што сме навикнати од неа, а на нејзиниот врат блескаше дискретна дијамантска огрлица. Ја имаше собрано косата а имаше и насмевка која не ја симна од лицето.

profimedia-0943111559.jpg

Актерот Тајлер Пери наскоро и’ се придружи на црвениот тепих. Тој ја прегрна, а потоа тие се прегрнаа и позираа пред камерите, додека фотографите се обидуваа да го овековечат секој нивни потег.

Ова поттикна повеќе гласини дека бракот на Хари и Меган е завршен и дека семејните драми и скандали можеби се ставени крај. Гласините се проширија уште побрзо, знаејќи дека Тајлер не е оженет, пренесува Она.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл оваа година нема ни да бидат дел од традиционалниот кралски божиќен собир, потврдија извори блиски до кралското семејство. Двојката не доби покана за прославата во Сандрингам, што дополнително го продлабочи јазот меѓу нив и остатокот од кралското семејство.