Меган Маркл и Викторија Бекам беа неразделни а сега како да не се познаваат: Страшните обвинувања со години им го нарушуваат пријателството (фото)
Викторија Бекам неодамна го прослави својот 50-ти роденден со сопругот Дејвид Бекам и најблиските, а многумина очекуваа принцот Хари и Меган Маркл да присуствуваат на забавата.
Сепак, Сасекси беа отсутни и покрај нивната поврзаност со Бекам.
Дејвид и Хари се видени заедно на различни настани низ годините, додека Викторија беше голем поддржувач на Меган кога таа се пресели во Велика Британија, давајќи и’ совети.
Меѓутоа, во последно време се шпекулира дека двата парови имале непријателски телефонски разговор што имплицира дека односите меѓу нив се заладиле.
Хари наводно го повикал својот пријател Дејвид без причина, обвинувајќи ја Викторија дека објавува гласини за Меган. Според британските медиуми, Дејвид бил крајно вознемирен од обвинувањата.
– ,,Меган се плашеше дека Викторија стои зад ширењето озборувања. Идејата дека Викторија Бекам лично ќе се јави во печатот за да ги информира е смешна. Хари е многу заштитнички настроен кон Меган и реши директно да се справи со оваа работа контактирајќи го неговиот добар пријател Дејвид. Тие одлучија да го продолжат своето пријателство, но тоа сигурно ги направи работите непријатни “, изјави извор за Сан.
Да потсетиме дека Хари и Меган ги поканија Бекамови на нивната кралска венчавка уште во 2018 година, но Сасексите не присуствуваа на неодамнешната венчавка на Бруклин Бекам и Никол Пелц.