Меган Маркл се заканува на кралското семејство: Ако проговори, ќе има тотален хаос – војната продолжува

Се појавија гласини дека Меган Маркл можеби има докази што ги поткрепуваат претходните обвинувања против кралското семејство, но еден кралски коментатор верува дека ваквите откритија би имале мал ефект денес.

Војвотката од Сасекс  претходно навести дека има документација што ги поткрепува тврдењата што таа и принцот Хари ги изнесоа откако се повлекоа од кралските должности во 2020 година.

Овие обвинувања, изнесени во нивното интервју со Опра Винфри во 2021 година, документарната серија на Нетфликс, мемоарите на Хари „Спар“ и во поновите интервјуа, вклучуваат тврдења за разговори поврзани со бојата на кожата на нивниот син Арчи, како и обвинувања дека проблемите со менталното здравје на Меган биле игнорирани од институцијата.

Шпекулации за скриени докази

Зборувајќи за „Кралската ексклузива“, кралскиот аналитичар Џек Ројстон разговараше за долгогодишните гласини дека Меган Маркл има материјал што би можел да ги потврди искуствата на двојката.

„Секогаш постоеше приказна дека Меган на некој начин алудира дека има докази“,  рече Ројстон. 

– Во едно интервју таа рече: „Никогаш ништо не потпишав, па можам да кажам што сакам.“ Таа секогаш имаше тенденција да упатува благи закани, како да седи на бомба што може да експлодира – додаде тој.

Меган Маркл

Некои извештаи дури сугерираат дека Сасексите можеби пронашле лични дневници од нивното време во кралското семејство, што дополнително ја поддржува верувањето дека тие имаат информации кои, доколку бидат објавени, би можеле да бидат штетни.

Промената на јавното мислење го намалува ефектот

И покрај неизвесноста, Ројстон верува дека јавната ситуација значително се променила од нивните први големи откритија.

– Проблемот е во начинот на кој Хари и Меган постојано го критикуваа кралското семејство. Особено мислам дека интервјуто со Опра го направија лошо… можеше да се направи поинаку и подобро, на помалку токсичен и деструктивен начин – објасни Џек.

Тој додаде дека обвинувањето за расизам од интервјуто на Опра веќе е делумно повлечено или преформулирано, што го ослабнало неговиот оригинален ефект. Најважно од сè, Ројстон истакнува дека јавното мислење за Сасексите се променило.

„Тие на крајот се уништија себеси со начинот на кој постојано го напаѓаа семејството на Хари кога никој не им возвраќаше“,  рече тој.

Според Ројстон, угледот на двојката во Британија толку многу се намалил што дури ни големите откритија денес нема да имаат ист одзив како некогаш.

– Дури и во Америка, тие веќе не се заштитени на ист начин. Дури и ако седат на некоја неексплодирана бомба, не мислам дека кралското семејство има многу причини да се плаши – заклучи тој.