МЕГАН МEРКEЛ НА МЕТА НА НОВИНАРИТЕ – Го „прошета“ накитот на Дајана на денот на крунисувањето на Чарлс

Додека беа во Лондон жените ги покажаа своите тоалети, Меган гордо го носеше накитот на Дајана.

На крунисувањето на кралот Чарлс III што се одржа минатата недела, принцот Хари дојде без сопругата, познатата актерка Меган Меркел.

Меган беше „фатена“ како се шета со другарките , а покрај облеката што ја носеше тој ден, дамата носеше и скап часовник кој и припаѓаше на принцезата Дајана.

Поранешната принцеза од Велс го доби ова парче накит од нејзиниот татко за нејзиниот 21 роденден. 

Часовникoт „Картие“ Хари и го подари на Меган и ова не е прв пат да го носи, но бидејќи нејзиното отсуство од крунисувањето беше главна тема , медиумите обрнаа внимание и на овој детал.

Часовникот првично вредел 17.800 фунти, а сега е прогласен за многу повеќе вреден поради неговата историска вредност. 

Покрај часовникот, кој го имала актерката, се верува дека и другиот накит што го носела тој ден и припаѓал на принцезата Дајана.