МЕГА-ПРОЕКТ ОД 4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА – Ја граделе 19 години, а денес цела Европа и завидува: Шпанците добија нова брза железничка линија
Новата брза железничка линија што го поврзува Мадрид со северниот регион Астурија беше отворена во средата. Изградбата на оваа позната железница започна во 2004 година и требаше да биде завршена до 2010 година, но геолошката сложеност на областа го одложи проектот и ги зголеми трошоците на околу 4 милијарди евра, пренесува AA.com.
„Тој ден конечно дојде. Шпанија е поблиску до овој регион благословен со уникатна убавина“, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез по пристигнувањето во Овиедо – главниот град на Астурија.
Патувањето од Мадрид до Овиедо трае 3 часа и 10 минути во споредба со 4 часа и 24 минути на старата железница.
Откако Владата напролет ќе набави нови возови кои ќе можат да се движат со брзина од 275 км/ч, патувањето ќе трае 2 часа и 42 минути. Астурија е мал планински регион на северниот брег на Шпанија, има околу еден милион жители, што е намалување за 13 проценти во споредба со 1985 година. Иако бројот на жители е ист како во 60-тите години, сега има половина повеќе децата.
Со оглед на тоа дека туристичкиот сектор во регионот рапидно расте, според владините проценки, бројот на патници ќе се зголеми од 230.000 на 600.000. Тие исто така веруваат дека овој потфат ќе ги подобри условите за трговија, бидејќи возовите ќе можат да го удвојат товарот, што ќе ги намали трошоците за компаниите за две третини.
Заедничката студија на Владата и Универзитетот во Овиедо проценува дека возот ќе додаде меѓу 23 и 40 милиони евра годишно на економијата во регионот. Новата брза пруга го заменува кривулестиот дел од пругата што првпат беше отворен во 1884 година, еден од најкомплексните железнички проекти во своето време.
Најсложените 50 километри од новата железница минуваат низ 12 тунели, вклучувајќи го и оној долг 25 километри – седмиот најдолг тунел во Европа. Со повеќе од 4.000 километри, Шпанија ја има втората најдолга брза железничка мрежа по Кина.