Мег Рајан изненади многумина со својот изглед на Оскарите: Речиси непрепознатлива поради козметичките зафати
Мег Рајан се појави на овогодинешното доделување на Оскарите кое се одржа во неделата и многумина изненади со својот изглед.
На доделувањето на Оскарите, Мег повторно се здружи со Били Кристал, со кого глумеше во култниот филм „Кога Хари ја запозна Сали“, а тие двајца заедно ја доделија наградата за најдобар филм.
Имено, за време на доделувањето на наградите, Мег и Били беа расположени, а Били ги забавуваше присутните со својот шармантен говор. Сепак, она што најмногу привлече внимание е промената на лицето на Мег Рајан, поради што многумина веднаш не ја препознаваат.
Некои истакнаа дека актерката е тешко да се препознае, а други искажаа критики за естетските зафати, сметајќи дека промените на нејзиното лице станале премногу очигледни.

„Изгледа одлично за своите години, но Мег очигледно премногу го промени своето лице. Многу тажно“, „Мег Рајан е пример зошто не треба премногу да ја менуваме природната убавина додека старееме“, „Го уништи своето лице“, „Го загуби она што ја направи посебна“, „Требаше природно да остари“, беа дел од коментарите на социјалните мрежи.
Освен тоа, гледачите забележале и дека Мег Рајан има некои потешкотии при одење на сцената.
Мег за оваа пригода избра елегантен фустан во боја на вино, кој го искомбинира со дијамантска нараквица комплетирајќи го својот изглед.