Медведев го освои турнирот во Ротердам

 Рускиот тенисер Данил Медведев е победник на АТП 500 турнирот во Ротердам (Холандија).

Русинот во денешното финалето го совлада Италијанецот Јаник Синер со резултат 5:7, 6:2, 6:2. Тенисерите на теренот минаа 2 часа и 29 минути.

За 27-годишниот Русин ова е прв трофеј од октомври 2022 година. Благодарение на победата, Медведев од понеделник се враќа во Топ 10 светски тенисери.

Турнирот во Ротердам се играше за награден фонд од два милиони евра.