Медведев: Изградбата на фабрика за тенкови во Украина ќе биде одбележана со „огномет од Калибр“ ракетите
– Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денес изјави дека доколку германската компанија Реинметал одлучи да изгради фабрика за тенкови во Украина, тоа ќе биде проследено со „огномет од Калибр“ ракетите, пренесува Анадолу.
„Информациите за изградба на фабрика за тенкови на Рајнметал во Малоросија (географски и историски термин што се користи за територии кои главно се дел од денешна Украина) изгледаат како примитивни провокации на режимот во Киев. Ако Фрицовите (пејоративен термин што се користи за Германците) сериозно одлучат да градат, иако тие се прагматични луѓе, ќе го чекаме тоа. Овој настан уредно ќе биде одбележан со огномет од Калибр и други пиротехнички средства“, рече поранешниот руски претседател преку Телеграм.
На 9 февруари, челникот на Рајнметал, Армин Папергер, за германскиот дневен весник „Ханделсблат“ изјави дека компанијата ќе биде „подготвена да постави објект во Украина за склопување на Пантер (тенкови) откако ќе заврши војната“, ако германската Влада ги даде потребните лиценци за извоз.