Медведев предупредува: Полска е во опасност од директен конфликт со Русија и Белорусија

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска предупреди дека дејствијата на Полска може да доведат до директна конфронтација со Русија и Белорусија и „да ја започне Третата светска војна“.

– Полското воено засилување и полското воено присуство во Украина може да предизвикаат директна конфронтација меѓу Варшава и Белорусија и Русија – изјави Медведев за весникот „Руска газета“.

Во овој случај, како што предупреди, сојузничката група ќе даде соодветен одговор за да ги спречи заканите кои произлегуваат од „злите амбиции на полскиот естаблишмент“.

Според мислењето на Медведев, „непромислените дејствија на Полска, ако одеднаш бидат поддржани од нејзините сојузници во НАТО, може да имаат далекусежни и опасни последици за целиот свет“.

„И тогаш Полска ќе ја исполни улогата на „хиена“ на Европа која сака да ја започне Третата светска војна“, истакна Медведев.