– Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ветува дека неговата држава ќе биде победничка во офанзивата за Украина и е подготвена да се бори до полската граница за да се спротивстави на „заканите“.
„Победата ќе биде постигната“, објави Медведев на Телеграм.
„Затоа е толку важно да се постигнат сите цели на специјалната воена операција. Да се потиснат границите на заканите против нашата земја што е можно подалеку, па дури и ако треба до границите на Полска“.