Медитерански растенија на вашиот балкон: Како да одгледувате оригано во саксии

Ако отсекогаш сте сакале да одгледувате оригано на вашиот балкон, ви даваме неколку корисни совети

Ориганото е издржливо повеќегодишно растение кое може да издржи дури и многу снежни бури. Можете да го одгледувате од семиња или да го купите како расад.

Оптимално е вашето оригано да биде изложено на сонце осум часа дневно. Никогаш не наводнувајте додека почвата не се исуши темелно.

Не му треба многу ѓубриво, но вишокот само ќе му го расипе вкусот.

Инсектите и болестите ретко го напаѓаат ориганото, но доколку се појави потреба користете органски средства,

Кога вашето растение ќе порасне до 10 см, можете да ги берете листовите.

Ориганото може да се користи свежо или суво, па дури и замрзнато, иако најдобро е да се користи свежо.

Оваа повеќегодишна билка со сладок мирис, тенко стебло, со мали овални листови и бели или розови цветови природно расте на суви почви.

Бидејќи е антиоксиданс и антиинфламаторен лек, ориганото помага во лекувањето на разни болести.

Освен што е зачин, ориганото може да се користи и како чај за лекување на разни проблеми.

За да се зачува квалитетот и вредноста на ориганото, експертите препорачуваат да се користи свежо оригано наместо суво, за пополн вкус и придобивки.

Свежото оригано треба да биде зелено и здраво, без темни или жолти дамки. Сувото оригано треба да се чува во стаклени садови на темни и суви места за да се зачува неговата арома и својства во период до шест месеци.