Медиуми: ПСЖ го продава Нејмар на крајот на сезоната

Раководството на ПСЖ донело одлука на крајот на сезоната да го продаде бразилскиот фудбалер Нејмар, кој неодамна во соблекувалната влезе во вербален конфликт со спортскиот директор Луис Кампос, објави денеска весникот „Паризиен“.

Истиот извор посочува дека инцидент се случил по поразот на ПСЖ пред два дена на гостувањето кај Монако (1-3), напоменувајќи дека тоа не е ваков прв случај поврзан со бразилскиот репрезентативец.

„Челниците на ПСЖ донеле одлука дека е најдобро Нејмар да го напушти клубот, бидејќи внесува непотребен немир во тимот. ПСЖ планира да го стави на крајот на сезоната на трансфер листата“, пишува „Паризиен“.

ПСЖ утре му гостува на минхенски Баерн во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони.