Медиуми: Франција ја обвини Русија за ширење паника поради наезда на бубачки

Француските власти и разузнавачките служби ја разгледуваат хипотезата дека руските медиуми наводно се вмешани во ширење на информации за наезда на бубачки во Франција, пренесува BFM TV.

Според новинарот, во разузнавачката заедница сериозно се разгледува хипотезата за „улогата на Русија“ во споменатата ситуација. Надлежните дури одржаа и меѓуресорска средба поради зголемениот број вести за појава на бубачки во јавниот превоз, кината и хотелите. Новинарите посочуваат дека веста предизвикала „психоза“ кај Французите, а разузнавачките служби сметаат дека удел во неа имале руските медиуми кои ја „вжештиле темата“ и „ширеле страв на социјалните мрежи, објавувајќи неточни информации“.

Се тврди дека некои Телеграмски канали, кои наводно се поврзани со Русија, споделувале текстови од француските медиуми кои всушност никогаш не биле објавени на тие портали. Но, тоа наиде на одек прво во домашните, а потоа и во меѓународните медиуми.

Како што изјави претставникот на синдикатот на компанијата за дезинфекција, Стефан Бра, поради тоа телефонот му брмчеше од повици од „Би-би-си“, „Њујорк тајмс“ и европските медиуми. Медиумите ширум светот ја претставија Франција како заразена земја, а Мароко и Алжир побараа да се дезинфицираат бродовите кои доаѓаат од републиката.

Но, новинарите признаваат дека Русија нема директна врска со наездата на штетни инсекти и дека проблемот останува нерешен со децении, пренесува Спутник.