Меланија и Трамп се повљубени од кога било: Словенката го одзена здивот во бело, а еден детал предизвика бура од коментари
Доналд и Меланија Трамп беа фатени како се бакнуваат на балконот на Труман пред величествениот огномет за Денот на независноста во Вашингтон.
Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија беа домаќини на воени семејства на јужниот тревник на Белата куќа по повод Денот на независноста.
Меланија Трамп е поубава од кога било
Она што го привлече вниманието на сите беше стајлингот на Меланија. Првата дама уште еднаш ја потврди својата титула на модна икона. За оваа пригода, таа носеше бел фустан со средна должина и нагласен струк.
Деталот на фустанот во боите на знамето ги воодушеви Американците, а на нозете носеше убиствени потпетици , со необичен дизајн. Црвено-белите дезени на салонките совршено се вклопуваа со монохроматскиот фустан.


Луѓето беа воодушевени, бидејќи Доналд и Меланија беа поблиски од кога било . Тие цело време се држеа за раце, а Трамп нежно ја прегрна Меланија околу половината во неколку наврати. Она што предизвика овации беше бакнежот на терасата за време на огнометот за националниот празник.
И покрај многуте шпекулации дека нивниот брак е во криза, Трампови докажаа дека сè е во ред, а интернетот експлодираше од коментари на поддршка. Енергијата и хемијата меѓу нив се јасно видливи на сликите.