Меланија на свадбата со Трамп носеше венчаница од 25 килограми: Немала бидермаер, а веднаш рекла не на оваа понуда на Доналд! (фото)
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија на 22 јануари ќе прослават 20 години брак. Многумина ќе се согласат дека не секогаш биле рози во нивната љубов, но децении подоцна тие сè уште се заедно.
Цел свет зборуваше за нивната венчавка. Меланија изгледаше неверојатно. Таа ги истакна сите свои атрибути со венчаницата што ја избра за овој посебен ден.
Таа носеше венчаница од Диор од 91 метар свила, тешка 25 килограми. Ја чинеше речиси 150 илјади долари, а заврши на насловната страница на Вог!
Интересно е што Меланија немала класичен букет, туку семејно наследство во вид на бели рози. Свадбената торта беше многу екстравагантна, со дури 7 ката и висока метар и половина!
Словенечката убавица тогаш не сакаше да ја испочитува желбата на Доналд – телевизиите ширум светот да ја емитуваат нивната венчавка, па се откажа од таа намера.
Вака Меланија ја опиша својата прва средба со Доналд
Меланија Трамп ги објави своите мемоари и откри бројни детали од бракот со Доналд Трамп. Таа детално ја опиша својата прва средба со него, признавајќи дека политичарот бил на состанок со друга жена кога почнал да и’ се додворува. Variety ги објави парчињата поврзани со негово запознавање:
,,Го видов мојот пријател како мавта со некој зад мене. Кога се свртев, забележав како ни приоѓаат маж и атрактивна русокоса“, ја започна Меланија приказната за нивното запознавање.
„Здраво. Јас сум Доналд Трамп, ми рече кога стигна до мојата маса. Мило ми е што те запознав. Го препознав името и знаев дека е бизнисмен или славна личност, но ништо друго. Ја подаде раката за ракување” – рече Меланија и продолжи:
„Здраво“, одговорив. „Јас сум Меланија“.
,,Неговите очи се наполнија со љубопитност и интерес, а искористувајќи ја приликата, седна до мене и започна разговор. Ме праша за мојот живот во Њујорк, за мојот дом во Словенија и за моите патувања низ светот. Тоа беше кратка средба која остави траен впечаток на поврзаност. Убаво беше да се направи ново познанство. Од моментот кога започна нашиот разговор, ме плени неговиот шарм и лежерност. Имаше толку многу раздвижена активност околу нас, но неговиот фокус на нашата интеракција ме натера да се чувствувам како центар на неговиот свет. Тоа беше освежувачко отстапување од вообичаениот површен разговор и се најдов себеси привлечена од неговата магнетна енергија“, напиша првата дама на САД.