Меланија Трамп вчера се појави со својот сопруг Доналд Трамп на прелиминарните избори на Републиканската партија во Флорида и со својот изглед го привлече вниманието на присутните.
Изгледот на поранешната прва дама на Америка беше знак за нејзиниот одличен стил, но и одговорот на прашањето кое го поставија новинарите.
Меланија Трамп , која ретко се појавува со нејзиниот сопруг откако тој најави дека повторно ќе се кандидира за претседател и откако започна циклусот судски процеси против него, вчера направи чекор напред.
Дури и оние кои ја критикуваат за некои други работи, не можат да негираат дека држи ниво кога е во прашање облекувањето.
Нејзиниот фустан, кој е совршено мерило за елеганција и мала доза на лежерност, и кој е совршено усогласен со пригодата, потсетува на нејзините блескави модни изданија од времето кога беше со сопругот во Белата куќа.
Дезенот на фустанот е неверојатно шик, а црниот појас ефективно ја истакна нејзината силуета. Меланија направи чекори во вртоглави потпетици, носејќи чанта од познатата модна куќа „Шанел“.
Класичните црни очила и нејзината препознатлива прекрасна фризура беа исто така хит. Беше стајлинг без ниту една грешка.
Иако сме навикнати да ја гледаме Меланија во елегантни изданија, овој лежерен стил несомнено привлече внимание.
Новинарите се интересираа дали ќе му се придружи на сопругот во кампањата, а таа накратко рече: „Следете“.
Доналд Трамп не се откажува од долгата црвена вратоврска, која го прави препознатлив неговиот стил на облекување, заедно со најкласичните одела.