Меланија Трамп во изглед каков што не сме навикнати да ја гледаме: Ја споредуваат со лик од „Топ Ган“ (фото)
Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, вчера го придружуваше својот сопруг Доналд Трамп за време на неговата посета на поморската база во Норфолк, а за таа пригода носеше прилично поинаква облека во споредба со оние во кои сме навикнати да ја гледаме.

Имено, педесет и петгодишната девојка за овој настан носеше кафеава кожна бомбер јакна, која ја искомбинираше со бела кошула со јака и темни фармерки.
Таа го комплетираше својот изглед со авијатичарски очила за сонце и бела бејзбол капа со извезен збор „САД“ на предната страна. Носеше и кафеави мокасини.
Иако целиот аутфит беше различен од елегантните изданија во кои најчесто се појавува, чевлите особено „отстапуваа“ од вообичаеното, бидејќи Првата дама ретко се гледа без високи потпетици.
Појавата на Меланија многумина ги потсети на ликот Шарлот „Чарли“ Блеквуд од „Топ Ган“ што ја игра Кели Мекгилис.

Меланија го придружуваше Доналд Трамп на посетата на бродот „УСС Џорџ Х.В. Буш“, каде што разговараа со морнарите.
Дуото присуствуваше на воена демонстрација додека стоеја на палубата на носач на авиони пред американскиот претседател да се обрати пред толпа од приближно 10.000 луѓе.
Во меѓувреме, Меланија изгледаше воодушевена што зборуваше на настанот, мавтајќи им на присутните и широко насмевнувајќи се.
Откако ги поздрави морнарите со извик „хуа“, на што тие вратија, таа рече дека е почестена што е таму.