Меланија Трамп е подготвена да се врати во Белата куќа: „Мојот живот е неверојатен“, откри детали за претстојниот документарен филм

Идната прва дама на САД, Меланија Трамп, вели дека се спакувала и е подготвена да се врати во Белата куќа, каде нејзиниот син Барон ќе има спална соба и планира да ја оживее својата иницијатива „Биди најдобар“, која служела за заштита и благосостојбата на децата.

Во интервју за „Фокс њуз“ што беше емитувано денеска, Меланија Трамп, сопругата на реизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека најавениот документарен филм за нејзиниот живот, кој годинава ќе се дистрибуира преку „Амазон прајм“ – е нејзиниот идеја, инспирирана од приемот на кој наиде во нејзините неодамна објавени мемоари.

Меланија и Доналд Трамп наскоро ќе ја прослават годишнината од бракот.

profimedia0584995154.jpg

„Така дојдов до идеја да направам филм – филм за мојот живот“, рече таа и додаде: „Мојот живот е неверојатен. Тој е неверојатно полн со настани. И, му реков на мојот агент, знаеш дека ја имам оваа идеја , затоа ве молам оди и склучи ми еден договор“.

Документарецот е најнов показател за врската меѓу основачот на Амазон Џеф Безос и Доналд Трамп.

„Амазон“ во декември објави дека ќе донира еден милион долари во инаугурацискиот фонд на Доналд Трамп, а инаугурацијата на Трамп ќе ја емитува на 20 јануари преку сервисот „Прајм видео стриминг“ на компанијата. Тоа е посебна донација, исто така вредна 1 милион долари. Меланија Трамп рече дека се пакува за да се врати во Белата куќа и дека го избрала мебелот за да се пресели таму. Вториот пат поедноставно рече, објаснувајќи дека сега ги знае собите во кои ќе живее семејството.

Нејзиниот син Барон, кој има 18 години и се запишал на Универзитетот во Њујорк, ќе има своја соба кога ќе го посети семејството во Белата куќа.

Меланија Трамп рече дека сè уште го избира својот тим и планира да ја прошири својата иницијатива „Биди најдобар“.