Меланија Трамп избра едноставна облека и шапка што ѝ покриваше половина од лицето за нејзината посета на Виндзор (фото)
Меланија Трамп пристигна со својот сопруг Доналд во замокот Виндзор, каде што беа пречекани од принцот и принцезата од Велс, а за оваа пригода таа се одлучи за необична модна изјава.

Имено, по пристигнувањето, Доналд и Меланија беа пречекани од кралот Чарлс и кралицата Камила, со што започна државен протокол исполнет со церемонии.
За оваа пригода, Меланија се одлучи за темно син костум со струк кој ја нагласуваше нејзината фигура. Комбинацијата ја надополни со виолетова шапка која ја покриваше половина од нејзиното лице, па при движење во одредени моменти изгледаше како да не може да види во која насока оди.
Покрај тоа, Меланија избра едноставни обетки и прстен, како и елегантни црни потпетици.
Нејзината шапка предизвика мешани реакции, како што беше и во јануари оваа година кога се појави со слична шапка што речиси целосно ѝ ги покриваше очите.

„Очигледно не гледа добро. Зошто ја носи оваа шапка?“, „Моден додаток што ѝ го криеше половина од лицето“, „Сосема во ред моден избор“, беа само дел од коментарите.