Меланија Трамп ја шокираше јавноста по атентатот на Доналд! Поради ова сите погледи се вперени во неа

Поранешната прва дама Меланија Трамп направи голем влез на Националната конвенција во 2024 година, одејќи на класична музика додека толпата аплаудираше. Меѓутоа, Меланија ја прекина децениската традиција со тоа што се упати директно на своето седиште, што изненади многумина.

Сопругата на номинираниот претседателски кандидат отсекогаш зборувала на настанот во изминатите 30 години – традиција што ја започна поранешната прва дама Барбара Буш во 1992 година.

Меланија во последно време е во голема мера отсутна од очите на јавноста, и покрај постојаните настани што ги привлекуваат насловите, од претседателската кампања на Трамп до судењето за перење пари.

Во својот говор за прифаќање за номинацијата на републиканците, Доналд Трамп одвои малку време да ја признае својата „неверојатна сопруга Меланија“ и да ја пофали изјавата што таа ја даде по обидот за атентат во Пенсилванија.

– Меланија, многу ти благодарам, направи нешто навистина убаво, писмо до Америка во кое повикуваш на национално единство, треба да го ставиме како дел од републиканската платформа. Тоа би било чест – заклучил Трамп, како што пренесува  „Мсн“ .

Меланија како и секогаш блесна, а за оваа прилика се одлучи за црвен комплет кој одлично ја следеше нејзината линија, а овој пат имаше и вртоглаво високи салони, па сите погледи беа вперени во неа и на овој настан.

Може да се каже дека неодамнешните настани ги споија Доналд и Меланија, судејќи по тоа што цело време се смешкаа.