Мелина имала врска со друг повеќе од една година: Харис призна дека го изневерувала, а еве кој побарал развод
Пејачот Харис Џиновиќ за првпат проговори за разводот со модната дизајнерка Мелина, кога изјави дека бил изневерен, а последен дознал за тоа .
– Ја знаете причината… Ме оставии таа, јас не ја оставив. Не знам ништо, обично мажот кој е изневерен последен дознава. Луѓето велат дека разводот после смртта е најтешката работа. Малку би го негирал тоа. Како? Па добро, ако не ти се допаѓа да бидеш со мене, ни јас не сакам да бидам со тебе – изјави Харис Џиновиќ за хрватскиот „Ин Магазин“.
Според гласините низ градот и од неколку блиски луѓе, Мелина веќе година и пол ужива во романса со друг маж, но јавноста ништо не знаеше за тоа.
Модната дизајнерка се иселила од семејната вила во Сењак и изнајмила стан во луксузниот дел на Нов Белград, каде што сега живее и плаќа кирија.
Се шпекулираше кој прв побарал развод, а според гласините, одлуката за раскинување на бракот ја донела Мелина.
– Мелина е со тој човек година и пол. Низ градот се знае кој е тој, но никој поради некоја причина не сака многу да ја шири приказната… Ќерка Џина е доста запознаена со настаните и деталите од животот на нејзината мајка, колку што знам, знае cè за неа – објаснил изворот.
Да потсетиме, како што изјави пејачката за споменатата хрватска емисија, веста дека ќе се разделуваат за ќерката Џина и синот Кан не била лесна за прифаќање.
– Прилично се големи, не им беше лесно – изјавила пејачката.