Мемеди: Седуммесечното бебе кое почина било во добра здравствена состојба

Директорот на Детската клиника во Скопје, Реџеп Мемеди денеска во изјава за новинарите рече дека нивните специјалисти и специјалистите на Инфективната клиника потврдиле дека седуммесечното бебе кое почина пред неколку дена е во добра здравствена состојба.

Тој рече дека стручниот медицински персонал се погрижил за целосен медицински третман.

„Сите деца имаат целосна, стручна, медицинска нега, а за жал починатото дете кое е згрижено од првиот ден доби целосен третман, но за жал се знае дека не секогаш успеваме да ги спасиме животите на сите деца. Стручен надзор ќе има, но според нашите сознанија и тој ден е направен преглед од наши специјалисти и од специјалистите на клиниката за инфективни болести, констатирано е дека бебето е во добра општа состојба“, рече Мемеди.

За овој случај СДСМ и ДУИ побараа оставка од министерот за здравство Арбен Таравари, бидејќи според податоците што ги наведоа, за шест месеци починале 20 бебиња.