Менкиноски: Случајот со 247 Македонци со измислени адреси во Благоевград нема да смени ништо, пасошите им остануваат
247- те Макецонци кои извадиле бугарски пасоши, а за кои екс градоначаникот на Благоевград призна вина за фалсификат и го осудија ќе си ги задржат патните исправи. Бугарија под притисок на ЕУ само демонстрира дека прави нешто, а во суштина не прави ништо, појаснува адвокатот Тони Менкиноски. Тој вели дека Македонците со пасошите коишто се дел од предметот за екс градоначаликот Живко Чукарски ќе платат само прекршочна глоба бидејќи ја злоупотребиле постапката за вадење на државјанство.
Имено, бугарските медиуми откриваат дека процесот за добивање бугарски пасоши од 2016 до 2019-та во Благоевград бил претворен во профитабилен бизнис. Македонците плаќале до 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово плаќале и до 5.000 евра. Главна улога во процесот играле повеќе од 100 „медијатори“, кои обезбедувале документи за потекло, фиктивни адреси и поддршка за процесот во институциите.
Живко Чукарски, минатиот месец признал вина за потпишаните 247 лажни потврди за адреси на живеење на Македонци. Се спогодил со Обвинителство и е осуден 18 месеци со условна казна.
Но, не само само овие 247- Македонци со бугарски пасоши. Во селото Рилци Благоевград се регистрирани 4000 Македонци, а во соседното село Бело поле за истиот период се регистрирани 10.000 кои според жителите, тие воопшто не постојат. Сите овие илјадници Македонци успеале да стигна до двојно државјанство. Но, дали и како двојното државјанство може да се злоупотреби во Македонија? Според Менкиновски, Владата треба да поработи на темата со двојните државјанства на функционерите бидејќи историјата досега покажала дека екс функционери користат двојно државјанство и се спасуваат од кривичен прогон.
Досега, Албанија, Бугарија, Косово и Србија се земји каде многупати осомничени и обвинети бегалците за криминал и корупција го наоѓаат своето засолништe.