Меркел ја потресе Европа со најновата изјава: Овие четири држави се виновни за војната во Украина

Шокантна изјава на Ангела Меркел: Полска и балтичките држави „криви“ за војната во Украина

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека Полска, Литванија, Летонија и Естонија ја поттикнале руската инвазија на Украина. Според неа, овие држави се одбиле да ја поддржат Минск II спогодбата, што, како што тврди, охрабрило рускиот претседател Владимир Путин да започне војна.

Меркел призна дека дури во 2021 година сфатила дека Путин не ги сфаќа спогодбите сериозно и предложила нов формат за директен дијалог со него, но не добила поддршка од Полска и балтичките земји. Таа додаде дека откако ја напуштила функцијата, започнала агресијата на Путин.