Мертен: Македонија треба да работи на постигнување на критериумите за членство во ЕУ

Американскиот амбасадор во Бугарија, Кенет Мертен беше прашан за македонско-бугарското прашање и за очекувањата од уставните измени кои се предуслов за членство на Македонија во ЕУ. Тој изјави дека САД не поддржуваат дијалог кој промовира дискриминација, омраза или непријателство меѓу соседните држави или заедници во една земја.

„Сметаме дека тоа не е добро за меѓусоседските односи или за односите меѓу различните заедници во одредена земја. Важно е да не се заборави дека беше постигнат договор, дека имаше договор потпишан пред околу две години меѓу Република Македонија и Европската Унија. Мислам дека овие земји (земјите од регионот), вклучително и Македонија, треба да работат на остварување на критериумите за членство во Европската унија“, коментира Мертен.