Мерц застана зад Израел и Америка и ги поддржа нападите врз Иран: „Нема причина да се критикува“

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги коментираше најновите воени настани на Блискиот Исток и се осврна на ставот на Германија и за нападите на Израел врз Иран и за нападите на САД врз иранските нуклеарни постројки.

Во статус на социјалната мрежа X, Мерц рече дека работите на Блискиот Исток не можат да се остават во статус кво.

„Нема причина да се критикува она што Израел го започна во Иран пред една недела, ниту пак има причина да се критикува она што Америка го направи таму минатиот викенд. Тоа не е без ризици. Сепак, оставањето на работите какви што се, исто така, не беше опција“, рече Мерц.

Претходно, Мерц изјави дека Иран треба да се врати на преговарачката маса.

„Иран мора веднаш да започне преговори со САД и Израел и да најде дипломатско решение за конфликтот“, нагласи тој.