Месечината влезе во Лав! 3 хороскопски знаци ќе ги остварат своите соништа

Месечината во Лав носи енергија на топлина, самодоверба и изразена гордост. Како најбрзо подвижна планета, Месечината влезе во огнениот знак Лав, каде што носи добри вести за Лавовите, Овенот и Стрелецот.

Луѓето со оваа позиција често се стремат кон внимание и признание, сакаат да бидат во центарот на настаните и се способни да ги импресионираат другите со нивната харизма и драма. Оваа позиција на Месечината дава потреба за изразување преку креативност, без разлика дали преку уметност, говор или начин на живот. Емоциите се интензивни и длабоко поврзани со желбата за прифаќање и восхит.

Месечината во Лав е дарежлива

Луѓето со Месечината во Лав често се водени од своето срце и можат да бидат исклучително дарежливи кон луѓето што ги сакаат. Нивните чувства се директни, што ги прави автентични и искрени. Сепак, тие можат да бидат склони кон театралност или прекумерна потреба за внимание, што понекогаш предизвикува недоразбирања во односите.

Балансот е клучен

Оваа Месечина носи силно чувство на гордост кога станува збор за семејството, па затоа често се многу заштитнички настроени кон оние што ги сметаат за свои. Тие имаат природна потреба да бидат лидери, без разлика дали во нивниот приватен живот или во општествените кругови. Иако се храбри и самоуверени, нивната чувствителна страна се рефлектира во фактот што тешко се справуваат со одбивањето или критиките.

За нив е клучно да најдат  рамнотежа помеѓу потребата за признавање и грижата за другите, бидејќи токму преку оваа рамнотежа постигнуваат личен емоционален раст и среќа. 

Месечината во Лав нема да ги задоволи Биковите, Скорпиите и Водолиите. Да потсетиме дека младата месечина во Јарец не очекува на 30 декември и симболизира нов почеток.