Легендарниот Лионел Меси ретко се појавува пред камерите, особено веднаш по натпреварите, но овој пат направи исклучок и проговори за тешкиот период низ кој минува неговиот Интер Мајами. Најновите резултати на тимот се далеку под очекувањата, а Аргентинецот одлучи да го сподели своето гледиште за ситуацијата на шпански јазик.
Иако од почетокот на сезоната најавија кампања за титулата во МЛС лигата, Меси и компанија моментално минуваат низ сериозна криза на формата. Интер Мајами беше елиминиран од Купот на шампионите, а во последните седум натпревари во лигата забележаа само една победа.
Во разговор на Apple TV со новинарот Мајкл Џанони, Меси ги сумираше сите фрустрации што се насобраа во последните недели.
Тежок период е, но ќе го надминеме. Сега ќе видиме дали навистина сме тим. Кога сè оди лесно, сите се среќни, но во моменти како овие, мора да бидеме обединети повеќе од кога било. Ова се вистински тестови за тимот , рече Меси.
🚨🗣️ Lionel Messi to Apple TV (Post-Match):
— FC Barcelona Fans Nation (@fcbfn_live) May 19, 2025
“MLS needs to pay closer attention to the standard of refereeing.”
A pointed remark from the Inter Miami captain, highlighting ongoing concerns about officiating in the league. pic.twitter.com/H8wIPIUd3z
И покрај падот на формата, Интер Мајами се уште е во горниот дел од табелата – моментално е шести. Меси верува дека работите можат да се свртат и дека тимот има шанса да го подобри впечатокот во остатокот од месецот.
– Излеговме од серија лоши резултати, но мора да продолжиме да работиме и да размислуваме за тоа што следи. До крајот на мај имаме уште три или четири натпревари и сакаме да ги завршиме на најдобар можен начин за да се соочиме со Светското клупско првенство што е можно поподготвени , додаде, за многумина, најдобриот фудбалер на сите времиња.
Интер Мајами ќе има можност да се докаже против елитни ривали на тоа големо натпреварување – во групата ги очекуваат дуелите против Порто, Ал Ахли и Палмеирас, а учествуваат благодарение на посебна покана.