Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Лео Меси го искажа своето мислење за шпанскиот стручњак Пепео Гвардиола.
„ Гвардиола му нанесе голема штета на фудбалот. Сите мислат дека ќе биде лесно ако го копираат неговиот стил. Но, се разбира, тоа не е така “, рече Меси.
На прашањето дали мисли дека Гвардиола е најдобриот тренер во историјата на фудбалот, Меси одговори:
„ Нема сомнеж дека Гвардиола е многу посебен. Особено начинот на кој тој гледа на секој натпревар, подготовката за натпреварот и начинот на кој разменува тактики со фудбалерите“, истакна Меси.
Гвардиола беше тренер на Барселона од 2008 до 2012 година, а потоа од 2013 до 2016 година го водеше Баерн.
Каталонецот е менаџер на Манчестер Сити од 2016 година.