Меси продолжи неверојатна традиција: Дали знаете колку пати ја поминал групната фаза, а колку Роналдо?
Фудбалерите на Интер Мајами се пласираа во осминафиналето на Светското клупско првенство со ремито со Палмеирас (2:2) во последното коло од групната фаза, а капитенот на американскиот тим Лионел Меси ја продолжи нереалната традиција.
Имено, неверојатниот Аргентинец никогаш не бил елиминиран во групната фаза на некое натпреварување, без разлика дали станува збор за клупски или репрезентативен фудбал, во текот на неговата 21-годишна професионална кариера.
Меси играше во групната фаза 33 пати во својата кариера со Аргентина, Барселона, ПСЖ и Интер и секој пат напредуваше.
Ова е очекувана информација за многумина, со оглед на тоа дека станува збор за врвен фудбалер кој играл за врвни клубови, а за споредба, Кристијано Роналдо нема 100% учинок.
Роналдо играше во групната фаза 29 пати со Португалија, Манчестер Јунајтед, Реал, Јувентус и Ал-Наср, а се пласираше понатаму 27 пати.
Единствениот пат кога не успеа со клуб беше во сезоната 2004/2005 кога не успеа да се пласира подалеку од групната фаза на Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед, додека беше елиминиран во осминафиналето на Светското првенство во 2014 година со португалската репрезентација.