Компанијата Мета затвори десетици илјади профили на Инстаграм од Нигерија како дел од борбата против измамите со цел сексуална изнуда. Мета биле претежно возрасни мажи од САД, но меѓу нив имало и малолетници.
Овој потег на Мета е дел од поголемите напори за борба против измамата поврзана со сексуална изнуда на платформата Инстаграм во последните месеци. Претходно оваа година, компанијата додаде безбедносна функција на пораките на Инстаграм за автоматско откривање на голотија и ги предупреди корисниците за потенцијални измами со уцена. Компанијата, исто така, обезбеди ресурси во апликацијата и безбедносни совети за да им помогне на корисниците во случаите на гореспоменатите измами.
Мета рече дека меѓу 63.000 деактивирани профили на Инстаграм, имало 2.500 кои биле поврзани со група од околу 20 луѓе кои соработувале и вршеле измами. Отстранети се и илјадници Фејсбук групи, кои даваа различни совети, како и скрипти и лажни фотографии за идните измамници. Овие сметки беа поврзани со групата Јаху Бојс, „лабаво организирани сајбер-криминалци кои оперираат главно од Нигерија кои се специјализирани за разни видови измами“.
Мета е под посебна лупа затоа што не направи доволно за да ги заштити тинејџерите од сексуална злоупотреба на своите апликации. За време на сослушувањето во Сенатот претходно оваа година, сенаторот Линдзи Греам го праша извршниот директор Марк Закерберг дали родителите на детето кое извршило самоубиство откако било измамено треба да можат да ја тужат компанијата.
Иако компанијата тврди дека повеќето од измамниците откриени неодамна биле насочени кон возрасни, меѓу жртвите имало и малолетници.