Мечка во САД најде камера и си направи 400 селфиња (ФОТО)

Мечка во Колорадо, САД, направила околу 400 селфи фотки со камера за диви животни.

Како што пренесуваат локалните власти, камерата за снимање движења во Болдер, Колорадо снимила околу 400 фотографии од љубопитна црна мечка минатиот ноември.

Одделот Open Space and Mountain Parks на градот инсталираше девет камери за следење и учење за локалните видови диви животни, притоа минимизирајќи го човечкото присуство во чувствителните живеалишта. Една од камерите направила околу 580 фотографии, а околу 400 од нив биле од истата мечка.

„Овие слики нè насмеаја, а мислевме дека и другите ќе се насмеат. Во овој случај, мечката особено се заинтересира за еден од нашите фотоапарати за див свет и ја искористи можноста да направи стотици селфи фотографии“, рече вработен во Open Space and Mountain Parks.

Официјалните лица велат дека повеќето животни не ги забележуваат камерите, кои се активираат кога животно ќе зачекори пред нив. Тие снимаат животни како елени, дабари и љубопитни црни мечки.

Овој начин на фотографирање не ги плаши и не им штети на животните, а се користи за мапирање на области со диви животни и со набљудување на нивното однесување го покажуваат својот живот и како треба да се однесуваат со нив.