Мечка провалува во куќи за да краде: Ова видео го ,,запали” интернетот, сите медиуми зборуваат за тоа, а поради ова доби и прекар (видео)
Деновиве на интернет стана вирално видео од мечка како „провалува“ во станови и куќи.
Како што пишува „Њујорк тајмс“, мечката била забележана во Лос Анџелес како ги посетува куќите во соседството, не сакајќи ништо друго освен храна. Неодамна, поточно минатиот петок, во населбата Монровија беше фатена како ноншалантно излегува од куќа крадејќи колаче „Орео” поради што во споменатата населба го доби истиот прекар.
„Бев преплашена до смрт. Беше толку блиску. Ова никогаш порано не се случило“, изјави соседот на Вина за ABC.
Мора да се признае, ова не е прва средба на Вина со мечка. Пред извесно време мечка упаднала во нејзиниот автомобил и и ги одзела намирниците кои претходно ги купила на пазар. Исто така, минатата година имаше слична ситуација кога мечка се прикраде во нејзината гаража и украде чоколадна торта од фрижидерот. Иако нема конкретен доказ, постои сомнеж дека сите кражби се извршени од иста мечка.
„Многу се плашам од помислата да оставам прозорец или врата отворена затоа што мислам дека ќе излезе од никаде. Навистина ми е добро што се движи наоколу, тоа не ми пречи, но не ми е удобно со помислата дека може само да ја отвори вратата и да влезе внатре“, се пожали Вини.
Некои од соседите се прашуваат дали е можно мечката да биде преместена на друго место, а некој да не го повреди, а други воопшто не се под стрес затоа што мислат дека се што сака е само благо.
„Таа доаѓа секој понеделник. Оди низ соседството, зема кофа и малку претура наоколу со надеж дека ќе најде храна. Таа е сосема безопасна“, рече соседот Ричард, додавајќи дека бидејќи Орео не покажува знаци на агресија, ниту еден од соседите, сепак, не поднеле пријава до службениците за диви животни.