Мечот меѓу Ѓоковиќ и Алкараз го следеше Серена Вилијамс, но и холивудски ѕвезди

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, а голем интерес предизвика финалниот меч кој го одигра заедно со Шпанецот Карлос Алкараз.

Имено, тензичниот финален меч го следеа познатата американска тенисерка Серена Вилијамс, како и холивудските ѕвезди Шерон Стоун и Џон Траволта.

Иако неодамна се повреди на одмор во Турција и доби огромна модринка на окото, актерката Шерон Стоун реши да го прикрие тоа и да дојде на мечот кој се одржа во Париз. Таа привлече посебно внимание бидејќи беше боса.

Сепак, приликата за овој меч не ја пропушти актерот Џон Траволта, кој отпатува во Париз со својата ќерка Ела Блу.

Потсетуваме, Ѓоковиќ го совлада Алкараз со резултат 7:6, 7:6 и го освои првиот олимписки златен медал со кој го комплетираше Златниот слем. Инаку, и пред олимпиското злато, славниот српски тенисер за многумина беше најголемиот во историјата откако освои 24 Грен слем, седум финалиња на АТП, Дејвис куп, 40 Мастерси и Златен Мастерс.