Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и високи претставници на Израел и Хамас

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и високи функционери на Хамас.

Соопштено е дека тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото за војната во Газа и за нападите во октомври 2023 година што ја предизвикаа израелската офанзива на палестинските територии.

По лидерот на Хамас, Мохамед Диаб Ибрахим ал-Масри, издадена е уште една потерница, пишува АП.

Одлуката, наводно, ги прави Нетанјаху и другите меѓународно барани и веројатно дополнително ќе ги изолира и ќе ги комплицира напорите за преговори за прекин на огнот за да се стави крај на 13-месечниот конфликт.

Но, практичните импликации на судот може да бидат ограничени бидејќи Израел не е членка и неколку функционери на Хамас се убиени во конфликтот.

Инаку, Нетанјаху и другите израелски лидери ја осудија наредбата на државниот обвинител Карим Кан, нарекувајќи ја срамна и антисемитска.