“НАПРАВЕТЕ СЕ ШТО Е ВО ВАША МОЌ ЗА ДА СПРЕЧЕТЕ ГЕНОЦИД“ – Меѓународниот суд на правдата не му нареди на Израел да ја прекине офанзивата во Појасот Газа
Меѓународниот суд на правдата (МСП), највисокиот суд на Обединетите нации, во петокот соопшти дека има јурисдикција да одлучува за итни мерки што ги бара Јужноафриканската Република во нејзината тужба против Израел за војната во Појасот Газа.
Светскиот суд соопшти дека нема да го отфрли случајот, како што побара Израел.
Меѓу мерките што Јужноафриканската Република ги побара е итно запирање на воената операција на Израел, која опустоши голем дел од енклавата и уби повеќе од 25.000 Палестинци, според здравствените власти во Појасот Газа кои се под контрола на Хамас.
И покрај тоа што МСП не му нареди на Израел да ја прекине офанзивата во Појасот Газа, судот побара од државата да стори сé што е во негова моќ за да спречи акти на геноцид, пишува Sky News.
Исто така, на Израел му беше наредено да се врати на суд во рок од еден месец.
Јужноафриканската Република поднесе тужба, тврдејќи дека Израел ја прекршува конвенцијата на ОН за геноцид со тоа што убива Палестинци во Појасот Газа, нанесувајќи им сериозни физички и ментални повреди и им наметнува услови за живот пресметани на нивно физичко уништување.